Аргентинскиот напаѓач стекна најголема слава додека го носеше дресот на Интер во периодот од 2003-та до 2009 година, а пред да се пензионира заигра една сезона и во Лацио.
Најзанимлив дел кој можеби не го знаете од кариерата на Круз е неговиот почеток, нетипичен за една идна ѕвезда во италијанскиот фудбал. Тренерот на аргентинската екипа Банфилд на еден пријателски меч во 1993 година немал доволно играчи на терен, па решил да го викне детето кое косело трева.
Тоа бил 19 годишниот Хулио Рикардо Круз кој се покажал како голем талент кој веднаш добил договор во клубот. Престојот во Бенфилд му траел четири сезони, а пред да пристигне во Италија каде прво заигра за Болоња, настапуваше и во Ривер Плата и Феенорд.
Поради косењето на тревата Круз го доби прекарот El Jardinero, а во Интер стигна до 4 Скудета, 2 Купа и 3 Супер купови на Италија.
10 гола од неговото време во Интер.