Корејски шампиони во англиски стил

Поранешната екипа на Стевица Ристиќ и Горан Петрески стана шампион на Кореја со гол во 96-та минута во стилот на Агуеро и Манчестер Сити.

Поханг Стилерс станаа нови шампиони на Јужна Кореја по сценариото на Манчестер Сити од 2012-та година и голот на Серхио Агуеро во судиското продолжение.

Екипата на Улсан имаше предност од два поени во однос на Поханг Стилерс пред последното коло во кое се среќаваа овие две екипи.

На Улсан им беше потребен и еден поен, па тие се бранеле во текот на целиот натпревар. Резултатот им ја гарантирал шампионската титула, но се до 96-та минута кога настанува вистински хаос.

2 декември 2013 - 11:07