Веќе неколку недели трае закачката меѓу Жозе Мурињо и тренерот на Челси Антонио Конте. Португалецот беше тој којшто ја иницираше целата дебата, а синоќа во 40’ минута од Купот за малку не се дофатија да се тепаат. После мечот Жозе одбил да се ракува со Италијанецот. Група симпатизери на Челси синоќа го навредувале Мурињо а тој им гестикулирал колку трофеи им донел.