Кога ситното скапо ќе те чини

Голманот на Свиндон позајмен од Ливерпул, Лоренс Вигоро скапо ја плати шегата со управата на третолигашот кој реши да го врати на Енфилд.

Дали не го разбрале или е безобразен? Голманот на Ливерпул, Лоренс Вигоро неделава морал да се врати меѓу Црвените од Енфилд, затоа што направил невкусна шега во членот на Лига 1, Свиндон Таун.
 
Младиот Чилеанец сезонава беше стандарден на голот на Свиндон, сè до минатото коло кога го отстраниле од екипата. Мотив: Вигоро бил принуден да плати казна во износ од 50 фунти поради тоа што задоцнил на тренинг. Утредента, Вигоро се појавил во клупските простории, но наместо една или повеќе банкноти, тој се појавил со кеса полна со ситни пени. По одлуката на управата, тренерот на Свиндон Марк Купер одлучил да му се заблагодари на 21-годишниот голман.
„Тоа е дисциплинска мерка за сите кои ќе го нарушат клупскиот кодекс и внатрешна работа на клубот“, изјави тренерот Марк Купер.
Заминувањето на Вигоро ќе биде нова прилика за талентираниот Тајлер Белфорд кој исто како Чилеанецот има 21 година. Лоренс Вигор чијшто татко е Чилеанец, а мајка му од Јамајка е роден во Лондон и пред Ливерпул беше член на Тотенхем. Не забележа ниту еден настап на Енфилд Роуд ниту на Вајт Харт Лејн.
 
Свиндон во моментов е на 17. место во Лига 1, а екипата е во очајна форма по трите порази по ред.
29 септември 2015 - 14:44