
Во сјајно полуфинале на Лига Нации пред преполни трибини на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам, Холандија прва поведе во 34’ минута.
Хрватите направија пресврт со голови во 55-та минута од пенал и 73-та но домаќинот израмни буквално во последните секунди од мечот, во 90+6’ минута од продолжение.
Таму блесна нововлезениот Бруно Петковиќ и Модриќ кој од пенал го постигна можеби својот последен гол во репрезентативната кариера затоа што е неизвесно дали ќе продолжи да игра за Хрватска.