Во август, Стен Кронке го откупил делот на Алишер Усманов од 30,04% акции од Арсенал и стекнал контрола над 98,82% или 61.484 од 62.217 акции. Останатите 733 акции по една или по неколку се во рацете на неколку стотини навивачи на клубот. Некој ги купил неодамна, а некои ги наследуваат од колено на колено.
По зделката со Алишер Усманв, Кронке стекнал право на принуден откуп на останатите акции. И сите минорни акционери во Арсенал добиле писма со подробни инструкции, како да ги продадат своите акции на сопственикот Кронке.
Вредноста на секоја акција била проценета на 29.000 фунти, но дури и таа сериозна сума не ги израдувала навивачите кои поседуваат акции во саканиот клуб.
Дел од акционерите веќе потпишала договор за продажба, другите уште се држат иако ситуацијата им е безнадежна.
„Јас ги купив своите акции во 2004 година, вели во интервју за New York Times Марта Силкот, една од акционерите. Тоа ми помогна да почуствувам потесна и поемотивна поврзаност со клубот. Најдобра паралела на тоа е: како да имате свој дом, а не да сте под кирија. Се вложувате во него совршено поинаку. Тоа е ваше.Навивачите се дел од клубот, негова животна сила. Погледнете еден натпревар без гледачи и ќе сфатите колку тие се важни. Навивачите даваат смисла.
Јас решив да ги продадам своите акции затоа што немаше решение да се избегне тоа. Но не сфаќам како еден човек може да ги купува акциите од семејства кои ги имале акциите неколку генерации наназад. Се чуствувам навредена од Кронке и од клубот. Мене не ми се допаѓа што со клубот ќе владее само еден човек.“
Една друга жена, долгогодишен навивач и акционер во Арсенал, Мери Мод вели:
„Акциите на Арсенал секогаш биле многу скапи и многу ретки. Јас своите ги добив на подарок од пријател пред околу 20 години. Листот е толку стар што е испишан на машина за чукање а не на компјутер. Мислам дека тоа е најубавиот подарок кој сум го добила некогаш.
Беа скапи уште тогаш. Колку што знам пријателот за акциите платил 3.000 фунти. Но јас сум уверена дека сите мали акционери чуствуваат дека нејзината вредност не е врзана со желбата за заработка. Никој не ги купувал за да заработи и никој никогаш не барал дивиденди од клубот.
Тоа беше привилегија - можност да присуствуваш на годишното собрание, да видиш одблизу како работи клубот. Сега Кронке не е должен да разговара со другите акционери. Тоа е добро за него затоа што тој ништо не разбира за фудбалот, тој е толку далеку од се што е со клубот. За него акцииве се просто капитал а Арсенал е само уште една корпорација. Многу ми е жал и тажна сум затоа што на крај од краиштата, јас го сакам фудбалот. И мислам дека не сум единствена.“
Најтажна е приказната на Џефри Фримен, еден од најстарите навивачи на клубот од северен Лондон.
„Јас 75 години бев член на семејството Арсенал, членска и сезонска карта имам од 1943 година. До ден денес памтам како клубот играше на ’Вајт Харт Лејн’ за време на Втората светска војна затоа што ’Хајбери’ беше бомбардиран. Секогаш вадев сезонска карта и секогаш седев во тој ред опкружен од тие луѓе. Веќе не се чуствувам себе член на тоа семејство“, вели Џефри Фримен.
Имав 10 акции во Арсенал уште од 1965 година. Тогаш бев адвокат, стажирав и заработував околу 15 стерлинзи фунти неделно. Таа година сезонската карта чинеше 1.500-2.000 фунти.
Поради комерцијализација на фудбалот, семејната атмосфера која толку многу ја сакав, веќе ја нема. Ова е веќе циркус, не спорт. И тоа е олицетворение на ситуацијата. Ме боли што еден човек може да решава за судбината на Арсенал а тој човек не доаѓа ниту да го гледа Арсенал кога игра.
Јас не сум богат човек и одамна сум во пензија. Но работата е што никој од нас не сака пари. Сакаме да ги сочуваме нашите акции. Кронке го купи телото на клубот, но срцето засекогаш ќе им припаѓа на навивачите.“