Килијан Мбапе всушност го корегираше цел свет во однос на тоа како се презива, освен еден бугарски рапер.
Тој што во иднина ќе сака точно да го изговори негово презиме кое во оргинална верзија се пишува Mbappé, ќе треба да ги елиминира двете познати верзии кои се вртат во медиумите и кај коментаторите.
Килијан не е Мбапе, ниту Ембапе, туку Бапе. Нема „М“ на почеток, а тоа го потврдува сам.
Ние не би да навлегуваме длабоко во оваа тематика, која заморува и е предмет на бесконечна дискусија, така што остануваме на Мбапе, како што останавме на Кларенс Сидорф, а не Зедорф, како и на Шахтјор Доњецк, а не Шахтар. Да не го тупиме.
Весникот „Дневник“ на времето фати да ги пишува фудбалерите: Криштијано Роналду, Луиш Фигу, демек во оригинална верзија на португалски, па и ден денес им се смејат.
Ќе нема крај ако се фатиме така за сите. Фабио Кваљарела на пример на италијански е Куаљарела, а Кевин де Брујн некои велат дека правилно бил Кевин де Бројне.
Бугарскиот рапер кој пее за Килијан Бапе, а не Мбапе и кој има 15 милиони прегледи.