Жозе Мурињо во тоа време за противник во полуфиналето од ЛШ го доби бранителот на титулата предводен од Пеп Гвардиола.
Тоа беше една поинаква Барселона која од актуелние играчи ги имаше само Меси, Пике и Бускетс. Придружувани од Чави, Иниеста, Ибрахимовиќ, Педро, Дани Алвеш, Пујол, Тијаго Алкантара, Анри, Бојан Кркиќ, Маркез...Опасно нели?
Но Барса опасна, Интер уште поопасен. Реткост е за еден тренер да биде привилегиран во први 11 да ги има Цезар, Занети, Лусио, Самуел, Мајкон, Камбјасо, Мота, Снајдер, Пандев, Ето и Милито, па уште на клупа и Кордоба, Матераци, Киву, Станковиќ, Балотели.
Газда Морати во сиот свој стаж во Интер, дефинитивно во таа 2009/2010 успеа да го состави најдоброто кое пред да го добие во финале Баерн, во полуфинале ја урна страшната Барселона. Дома победија 3:1, на гости загубија 1:0.
Како што е добро познато, Пандев тогаш беше стартер, но Мурињо покрај напаѓачките, му даваше и дефанзивни задачи кои тој одлично ги исполнуваше. Пандев тогаш беше помлад, имаше 26 години и играше нешто како лево офанзивно крило.
Жозе на видеото објаснува како со неговата тактика дал акцент да се сопре Меси и неговата поврзаност во офанзива со Дани Алвеш, кој и покрај бековската позиција, постојано е во напад.
Ако на пример Хавиер Занети тргнел да го брка Меси во средина, тогаш оставал празен простор во кој влетувал Дани Алвеш. Во таквите случаи бековски задача добивал Пандев за да го покрива Бразилецот.
🇵🇹 José Mourinho talks about how he created his game play for Inter's 2010 Champions League semi final against Barcelona by focusing on minimising the threat Lionel Messi posed and stopping his effective link-up play with right-back Dani Alves. pic.twitter.com/Q5PfV5MdHq
— The Coaches’ Voice (@CoachesVoice) August 16, 2019