Едвин ван дер Сар беше незаменлива голманска легенда во 90-те години на Ајакс со кој освои 14 трофеи меѓу кои и Лига на шампиони. Го победија во финалето Милан со Рајзингер, Блинд, Рајкард, браќата Де Бур, Сидорф, Давидс, Литманен, Овермарс, Кану, Клајверт. Леле каква генерација беше тоа.
Со ракавиците го бранеше клубот на преку 300 натпревари, но го брани и сега, ама на поинаков начин. Во 2012-та стана маркетинг директор, а три години подоцна и главен извршен директор во клубот каде ја почна кариерата на 20 години.
Имал многу внатрешни тешкотии внатре за да се избори како треба да се води клубот според неговата визија. Размислувал поразлично од другите и често пати се определувал за модел на хармонија, избегнувајќи ги конфликтите.
АБДЕЛХАК НУРИ
Ван Сар имал многу работи за решавање, како на пример да го убеди управниот одбор дека платите на играчите треба да бидат повисоки, за да можат да ги задржат постоечките и да целат на големи потписи.
Потоа да го смени името на Амстердам арената во Јохан Кројф арена, како и да назначи три тренерски имиња во две години. Сите овие проблеми биле ништо во споредба со најголемиот и најосетливиот случај, а тоа е трагедијата со Абделхак Нури.
Големиот талент колабираше на пријателски натпревар против Вердер во Виена, а таму беше и Ван дер Сар кој длабоко го допре целата ситуација.
Беше префрлен во болница со хеликоптер, а од таму стигнаа лоши вести дека има тешки оштетувања на мозокот и дека нема да може да оди и да зборува, а не па да игра фудбал.
Едвин сакал да биде инволвиран и да го следи случајот со Нури, пред сè за да помогне колку може за неговото здравје. Но набрзина се појавил јаз меѓу човечката и деловната страна на случајот.
Тој бил на човечката страна, но не можел да ги спречи оние во клубот кои се свртиле на бизнис аспектот. Тогаш паднале тешки критики од јавноста за кој одговарал самиот тој како ЦЕО (главен извршен директор).
Но сè станало јасно со неговите солзи на прес конференцијата, откако сите сфатиле колку го здоболило што така се завршило. Тоа било удар од јавноста и за него и за клубот.
И покрај тоа што од голман се претвори во директор кој на работа оди пицнат во одело, Ван дер Сар не се двоуми да ги облече ракавиците и на 49 години. Замислете станало традиција тој секој петок да тренира со играчите и кога бил на терен давал максимум на што бил импресиониран и голманот Андре Онана.
ЅВЕЗДА ВО КЛУБОТ
Секаде каде што патува Ајакс, тој што на прва го препознаваат и го тераат да дава интервјуа е токму Ван дер сар.
„Тој е жива легенда за многу фудбалски навивачи, посебно во Англија, ама и во Азија. Тоа е исто како да си во друштво на Мадона. Сите сакаат да се сликаат со него“, вели комерцијалниот директор на клубот, Мено ван Гелен.
Ван дер Сар е олицетворение на визијата на Јохан Кројф. Многу врвни играчи не се во врвот на една таква фудбалска организација, често поради незнаење или недостаток на вештини.
Но тој се развиЛ успешно, исто така и кога треба да презентира нешто или да се обраќа во поголеми групи. Неговиот претходник Кинсберген изјави:
„Едвин има собрано добра група на луѓе и енормно пораснал во својата улога. Навистина значи тој да биде директор на ваков врвен клуб“.
Тоа било заклучок и на Надзорниот одбор минатата година. Притоа често правеле паралела со неговиот развој како играч.
На Ван дер Сар му требаЛО време да созрее во својата нова улога и преку обиди и грешки станаЛ помудар. Затоа сега неговото функционирање е оценето за стабилно и силно.
Следната фаза е тоа што тој како лидер на Ајакс треба да се фокусира на растот на клубот на национално и меѓународно ниво, како и на луѓето во организацијата околу него.
А ќе има уште време за тоа, затоа што го продолжи својот договор на уште четири години.
Ако не видовте каде беше во прво полувреме на гостувањето против Лил во ЛШ, клик тука.