
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - СЕВИЉА
ЈУВЕНТУС - СПОРТИНГ ЛИСАБОН
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - УНИОН СЕН ЖИЛОА
ФЕЕНОРД - РОМА
Веднаш по ждрепката на паровите се извлекоа и евентуалните парови за полуфинале: Јувентус/Спортинг - Манчестер Јунајтед/Севиља и победникот од Баер Леверкузен/УнионСенЖилоа ќе оди на подобриот од Феенорд/Рома.
Првите натпревари ќе се играат на 13 април а реваншите се закажани за 20-ти истиот месец. Полуфиналните дуели се планирани за 11-ти и 18-ти мај, а големото финале е закажано за прекрасната „Пушкаш Арена“ во Будимпешта која што има капацитет од 60.000 гледачи.
Манчестер Јунајтед кој под водство на Жозе Мурињо ја освои Лига Европа во големото финале против Ајакс, овојпат ќе игра против рекордерот Севиља која има најмногу пехари од ова натпреварување. Баер Леверкузен откако го елиминираше Ференцварош, сега ќе има прилично лесна задача против белгискиот Унион Сен Жилоа.
Јувентус ќе има тешка мисија против португалскиот гигант Спортинг кој го исфрли Арсенал во претходната рунда, а Рома и Феенорд ќе го повторат минатогодишното финале од Лига Конференции кога славеше „римската волчица“.