Пеколна ждрепка за ЛШ, само Интер куртули

Холандската легенда Патрик Клајверт извлече ултра неизвесни дуели во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Ќе гледаме италијанска пресметка и битка меѓу актуелните прваци на Германија и Англија.

Во четвртфиналето од Лига на шампиони се падна мега пресметка меѓу великаните Манчестер Сити и Баерн Минхен, можеби најсилни екипи во оваа конкуренција и најсериозни кандидати за титулата.

Бранителот на титулата го доби Челси кој сезонава игра под секое ниво во Премиер лигата, а италијанската пресметка ја сочинуваа актуелниот и најверојатно новиот шампион на Италија.

Ако Бенфика не направи изненадување, во финале ќе има италијански претставник, бидејќи така вкрстуваат.

Четвртфинални двојки:

Реал Мадрид - Челси
Интер - Бенфика
Манчестер Сити - Баерн Минхен
Милан - Наполи

Натпреварите се играат на 11 и 12 април, а реваншите се една недела подоцна.

Во полуфинале вкрстуваат:

Манчестер Сити/Баерн Минхен против Реал Мадрид/Челси
Интер/Бенфика против Милан/Наполи

Финалето се игра на 10 јуни во Истанбул

17 март 2023 - 12:14