
На прво место како најгрд стадион во Европа е избран стадионот „Карло Кастељани“ во Емполи каде трибините се разделени, далеку од теренот поради атлетската патека, во типичен италијански стил.
Капацитетот на овој стадион е 16.800 места.
На второ место е стадионот „Балаидос“ во Виго, домот на Селта Виго кој во меѓувреме беше реновиран низ годиниве за 50 милиони евра. Не би се сложиле со слаби оценки за овој стадион затоа што изгледа далеку многу подобро од многу други ширум Европа:
Загрепскиот стадион Максимир со капацитет од 24.851 места е трет на оваа листа на најружни стадиони на континетот. Максимир е уште погрд откако поради земјотресите во Хрватска пред неколку години принудно му ја затворија источната трибина која веќе некое време е надвор од употреба.
Стадион грдосија, ќе речат и самите Загрепчани кои едвај чекаат нова модерна арена каква што заслужува и клубот Динамо и хрватската репрезентација.
УЕФА често ги критикува хрватските власти поради негрижата за нов стадион и отворено зборува дека „Максимир“ едвај добива лиценца за евро-настапи.
Во „фамозниот“ Топ 5 најгрди стадиони спаѓаат уште и: стадионот „Крал Боуден“ во Брисел (капацитет 50.000 места)
и стадионот на шпански Хетафе „Колосеум Алфонсо Перез“ (17.000 места):