По натписите во Мирор, управата на фудбалскиот клуб Селтик потврди дека им пишала на сопствените навивачи со цел да ги потсети да се истушираат пред да тргнат на стадион.
Бизарната интервенција на управата доаѓа после поплаките на некои навивачи кои константно се жалеле дека во ложата некои луѓе едноставно смрдат.
Сопствениците на сезонски карти на Селтик Парк биле меѓу најгласните, по што управата решила на секој што има сезонска карта да му прати мејл со потсетник дека во кодексот за однесување на стадионот стои и ставката дека е пожелно на трибините да се оди прикладно облечен и среден (туширан).
Човекот задолжен за комуникации од клубот, Џон Пол Тејлор изјави дека ваквиот потег на Селтик наишол на одобрување меѓу сопствениците на сезонски влезници и дека никој не се нашол погоден или навреден.