На квалификациите за Мундијалот во Франција 1998 на првиот дуел на гости Исланд - Македонија заврши 1:1, а на реваншот во Скопје ги победивме 1:0 со голот на Ѓорги Христов. Табелата на крај изгледаше вака: Романија 28, Република Ирска 18, Литванија 17, Македонија 13, Исланд 9, Лихтенштајн 0.
Потоа ни паднаа во квалификацискиот циклус за СП 2010. Таму не тепаа 1:0.
Дома ги совладавме 2:0 со головите на Ацо Стојков и Филип Ивановски. Табела: Холандија 24, Норвешка, 10, Шкотска 10, Македонија 7, Исланд 5.
Ова е само потсетување на нашите соочувања со малата островска земја, која освен што стигна да се натпреварува на Европско, успеа да ја елиминира Англија и да влезе во топ 8. Македонија од претпоследно се помести на последно место на минатите два квалификациски циклуси и падна 60 места на ранг листата на ФИФА. Исланд е држава со 300 и нешто илјади жители, а Македонија со околу 2 милиони.