Исклучување од 10 минути за секој жолт картон

Фудбалската федерација на Холандија ќе воведе револуционерни промени во правилата за да влијае на зголемениот број инциденти на нисколигашките натпревари. За секој жолт картон, фудбалерот ќе паузира 10 минути.

Од идната сезона секој фудбалер кој ќе заработи жолт картон ќе мора да оди на „ладење" во траење од 10 минути. Фудбалерот кој ќе заработи исклучување ќе мора да биде смирен крај аут линијата, а во спротивно судијата ќе може и да му ја продолжи казната.

Овие правила од идната сезона ќе се применуваат во аматерските лиги на Холандија, а причина за тоа се зголемениот број на инциденти на нисколигашките натпревари во оваа земја.

Во декември минатата година на натпревар помеѓу екипи составени од 15 годишни фудбалери, група на фудбалери до смрт го претепаа помошниот судија.

На почетокот на овој месец фудбалерите на еден аматерски клуб го претепаа тренерот на гостинската екипа, а еден од фудбалерите заврши во затвор.

21 март 2013 - 14:57