Интересно дерби на Софија, ЦСКА со пресврт го освои Суперкупот

Бугарскиот клупски фудбал оди во нагорна линија. Екипите им се претежно составени од многу странци, а Бугарија ќе има два претставници во Европа сезонава. Шампионот Левски Софија стигна до групна фаза на Лига Европа, а ЦСКА Софија ќе игра во Конференциска лига. Синоќа во дуел за пехар во Суперкупот „червените“ беа подобри од „сините“ и славеа после пресврт 4-2. Трибините полни, со интересни кореографии од двете „агитки“.

На трибините пред почеток на натпреварот, Левскарите кренаа кореографија во знакот на антикомунизам со прешркатни симболи на комунизмот и парола: Никогаш повеќе комунизам, никогаш повеќе ЦСКА.

Од друга страна, навивачите на армијскиот клуб ЦСКА Софија имаа кореогафија инспирирана од некогашната историска химна на Бугарија „Шуми Марица“ од 1886 до 1944 година:

 

Левски Софија поведе 1-0 со евроголот на Сержињо во 40' минута. ЦСКА израмни во 49-та минута преку Жоел Звартц кој подоцна постигна уште еден гол во 70-та минута за 3-1. Претходно гол даде Стефано Сенси од пенал во 65-та минута а на 1-4 зголеми Алдаир Невес со автогол. Евертон Бала само намали на 2-4 од пенал во 90+4' минута.

 

10 септември 2026 - 09:53