Интересни податоци за Горан Пандев

Епилогот после голот на Пандев против Интер е за руски роман: Горан беше еден од хероите на триплетата во 2010-та, а синоќа ја продолжи серијата на Интер од пет порази на шест меча. На крајот му се заблагодари на поранешниот клуб и навивачи.

- Уште од февруари 2010-та Пандев не дал три гола по ред во Серија А;

- Горан не му дал гол на Интер уште од мај 2007-ма: ова беше неговиот прв гол против нераѕурите откако замина од „Меаца“;

- Во неделата Струмичанецот го постигна третиот гол на последните три настапи во Серија А;

- Вчерашниот настап беше 350-ти за Пандев во Серија А.

- Сезонава Гоче даде три гола во првенството и еден во Копа Италија

- За разлика од дуелот против Лацио каде многу се израдува на голот, Пандев во неделата не го прослави погодокот против тимот со кој освои Триплета (Лига на шампиони, Скудето, Куп на Италија) и им се извини на гостинските тифози со кренати раце;

- Пандев за Интер играше 18 месеци и соработуваше со можеби најдобриот светски тренер Жозе Мурињо и со големи ѕвезди како Милито, Ето, Хавиер Занети, Весли Снајдер, Кристијан Киву.

- По Тројната круна со Интер, Пандев смени три клуба: Наполи, Галатасарај и сега е во Џенова, а Интер смени 3 претседатели, 9 тренери и повеќе од 100 играчи;

- После голот на Пандев (, Интер остана уште подалеку од Европа и дури шеста сезона ќе биде без Лигата на шампионите.

- „Не го прославив голот? Интер ми даде сè, ме донесе во Италија како дете, таму доживеав прекрасни години, освоив се што може да се освои. Навивачите пееа за мене? Им благодарам, им должам многу. Знаат сите дека сум им благодарен, заедно поминавме среќни моменти“, изјави Пандев веднаш после мечот со Интер.

 

8 мај 2017 - 10:47