Химната на ЛШ ечеше во соблекувалната на Брест

Заврши сезоната во Франција. Со шампионот ПСЖ претставници во Лига на шампиони на есен ќе бидат уште и Монако и Брест, како едно од најголемите изненадувања. Од 1991 до 2004-та играле аматерски фудбал, а потоа влегле во најниската професионална лига. Од 2019-та се прволигаши и немаат ниту еден трофеј. Има зошто ги откорнаа грлата. Испишуваат ново поглавје во својата историја.

20 мај 2024 - 14:32