Убавината на фудбалот ниту од далеку не се состои само во моќниците кои со фаворитска улога ја освојуваат титулата, каков што беше годинава случајот со Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер. Има многу шмек кај помалите екипи, а оваа сезона тој шмек кај нив беше нешто посебно.