За мене секогаш е најважно во мислите да ми биде сликата на постигнување гол. Тоа е фундаментално, вели Игуаин во интервју за Гардијан, кој инаку само последните две сезони во Серија А има постигнато 60 голови и речиси вкупно 300 во неговата досегашна кариера.
Дел од заслугите за неговата реализација има и неговиот татко, инаку поранешен играч на Бока Јуниорс.
„Тој беше дефанзивец и ми ги кажуваше работите кои не им се допаѓаа на играчите кои играат во одбрана, па така јас сум во предност што сум запознаен со нивните слабости. Кои се тие цаки, не ви кажувам, тоа е тајна“.
„Фудбалот за мене е најменувачкиот спорт во светот. Можеш да победуваш седум меча по ред и да дадеш гол на сите тие средби, потоа нема да погодиш на два меча по ред и веќе играш лошо, во криза си“.
На прашањето кој е неговиот идол, Игуаин одговара без двоумење.
„Роналдо `Ил Феномено` е најдобар на сите времиња. Неговите голови ги изгледав 2 милиони пати и ги снимив на VHS ленти“.
Бразилскиот напаѓач му е идол, а Џиџи Буфон пример за издржливост.
„Сакам да остане моето име во историјата на овој спорт, колку што е можно повеќе, но за да се успее во тоа потребна е смиреност. Буфон има 40 години и сè уште е убеден дека може да напредува. Млад сум и се надевам дека имам уште многу години играње фудбал пред мене“.
„За мене убавината на овој според се победите. Кога играш убаво и победуваш е подобро, но кога играш убаво и нема победи, тогаш не ти останува ништо. Мојата филозофија се состои во тоа да бидеш среќен со тоа што го правиш. Исто така и кога навивачите велат дека си најдобар во свет, треба да работиш исто како да ти рекле дека си готов со кариерата“.
Амбициите во новата сезона?
„Да се освои сè. Во Јувентус играш за да освоиш сè. Таков е менталитетот и тоа е она што ќе ти го кажат кога ќе се појавиш прв пат. Мината сезона бевме блиску до тоа, оваа ќе се обидеме повторно“.
Гонзало Игуаин со Реал Мадрид освои три титули во Ла Лига, два Супер Купови и еден Куп, со Наполи Куп и Супер Куп на Италија, а со Јуве Скудето и Куп на Италија, но тој се уште е гладен за трофеи. Само во последните три и пол години загуби четири финалиња: Светско првенство, Лига на шампиони и два пати во Копа Америка.