Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.

Наполи прослави голема победа на гостувањето против Милан од 0:1 и се израмни со росонерите на врвот на табелата, каде Интер им бега со +4.

Мечот го реши бисерот на македонската фудбалска репрезентација, со гол во 5 минута од средбата.

Елмас се местеше на првата статива за да ги изненади домаќините уште на стартот и ги измами Тонали и Ибрахимовиќ кои стоеа до него.

Ова е најбрзиот гол против Милан во Серија А во последните девет години. Браво мајсторе.

Милан во финишот постигна гол, но им беше поништен со ВАР поради офсајд.

Наполитанците избија на втората позиција поради подобра гол разлика од Милан, а во следното коло во среда, последно за годинава, играат дома со Специја.

20 декември 2021 - 07:40