Голот на Елмас против Спартак и големата двојна шанса

По одличната партија против Исланд, Елиф Елмас се истакна со нова голгетерска партија и во дресот на Наполи. Македонскиот репрезентативец биеше прецизно со глава, но само го ублажи поразот на својот тим во претпоследното коло од Лига Европа.

Спартак Москва го совлада Наполи со 2:1 откако со головите на Соболев имаше 2:0 на полувреме, а Елмас во 64-та минута го постави конечниот резултат.

Штета за Елиф кој можеше да даде гол и во првиот дел, но Александр Селиков му спречи два удари еден по друг. Вториот обид со многу среќа.

Со овој триумф Спартак Москва има 7 бода, исто колку Наполи кој е втор поради гол разлика, Легија Варшава има 6, а Лестер 5.

24 ноември 2021 - 20:00