Големо изненадување на тренингот на Милан пред ЛШ

Милан има специјален гостин во пресрет на стартот на сезоната во Лига на шампиони. Им се појави Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот Ибра кој во мај годинава и стави крај на фудбалската кариера се појавил во базата на Милан, веројатно само како гостин.

Доаѓа во доста деликатен момент, после дебаклот на неговите довчерашни соиграчи во градското дерби и на ден пред првиот меч сезонава во ЛШ против Њукасл на Сан Сиро.

На видеата може да се забележи како го следи тренингот и разговара со Стефано Пиоли.

Во италијанскиот печат не пишува за евентуален негов кам бек со некаква функција во клубот, туку причините за неговото присуство се чисто колку да ги мотивира играчите во овие непријатни моменти.

18 септември 2023 - 12:36