Не е готово додека Германија не каже дека е готово

Неверојатно звучи фактот дека Германија е во нокаут фаза првпат после цели 12 години, односно по победничкото Светско првенство 2014-та година во Бразил. Германците понатаму ги носи шпицот на Штутгарт Денис Ундав со два гола, еден победнички во 90+4' минута.

Пред 43.000 гледачи во Торонто Германија после пресврт го победи Брегот на Слонова Коска со 2-1. Дениз Ундав влезе од клупата за резерви и постигна два златни гола.

Прво резултатот го отвори Франк Кеси во 30' минута. 19-годишниот Јан Диоманде, најбараниот фудбалер на светот моментално (РБ Лајпциг одби 100 милиони евра од Ливерпул за него) одлично тргна во напад, Амад Диало не постигна гол а Кеси идеално налета на одбиената топка:

Германците во првиот дел не играа лошо, напаѓаа, се трудеа да израмнат а главниот судија Хуан Габриел Бенитез и им поништи два гола поради фаули.

После паузата Брег на Слонова Коска не се повлече, напротив и покрај водството јуришаа на нов гол. Тоа и ги чинеше па резултатот во 68' минута го израмни Денис Ундав кој влезе од клупата за резерви:

Но тоа не беше се од фудбалерот кој играше Лига на шампиони со Штутгарт. Дениз Ундав во 90+4' минута во судиското продолжение погоди за 2-1, за победа на Германија и пласман во следна фаза:

21 јуни 2026 - 06:28