Ги видовте ли лудите завршници во Прага и Марсеј?

Она што синоќа се случуваше на стадионите на Олимпик Марсеј и Спарта Прага е дефинитивно показател колку фудбалот може да биде ролеркостер.

Откако пред една недела Панатинаикос го совлада Олимпик Марсеј минимално со 1:0 во Атина, синоќа реваншот во Франција започна лудо.

Новото засилување на Марсејците, искуснииот Пјер-Емерик Обамејанг уште во 2' минута постигна гол за 1-0 и делириум на полниот „Велодром“:

Ривалството меѓу двата клуба е големо, особено што навивачите на Марсеј повеќе од две децении се во добри односи со АЕК Атина, на левичарска основа. Убиството на навивач на АЕК Атина во нередите кои ги направија навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос придонесоа за уште поголеми тензии пред овој реванш во Франција.

Во судиското продолжение од првиот дел, во 45+1' Обамејанг погоди за 2-0 и нова еуфорија на „Велодром“. Резултат кој го водеше Марсеј во плејофот за ЛШ каде чека Брага.

Во вториот дел гостите од Атина се обидоа да го намалат резултатот и да го однесат мечот во продолженија, но Марсеј добро се бранеше. Проба тренерот на Панатинаикос Иван Јовановиќ со нови играчи да смени нешто во играта и му успеа.

Поточно помош имаа од нововлезениот играч кај домаќините Матео Гендузи кој е малер на мечот. Тој прво направи пенал откако играше со рака буквално во последните секунди од судиското продолжение. ПАО доби пенал во 90+9' минута а го искористи младиот Фотис Јоанидис кој влезе во игра во вториот дел.

После ова Мајкл Оливер досуди крај и се замина во продолженија. А таму немаше промена па следуваа пенали.

Во пенал рулетот Матео Гендузи го промаши клучниот единаестерец а Филип Младеновиќ погоди и Панатинаикос некако успеа да пројде во гротлото на „Велодром“.

Сега ПАО го чека силната португалска Брага.

УШТЕ ПОЛУД МЕЧ ВО ПРАГА

Првиот меч во Данска меѓу Копенхаген и Спарта Прага заврши без голови 0:0. На реваншот во главниот град на Чешка, гостите поведоа буквално на самиот старт на мечот после неколку секунди преку Џордан Ларсон.

И до 80-та минута немаше никаква промена додека Вељко Бирманчевиќ после одличен продор не израмни на 1-1 за огромна радост на трибините.

Следуваа продолженија зошто правилото за гол на гости веќе одамна не важи.

А таму прав огномет:

Прво Ќазим Лачи во 105' минута носи 2-1 за Спарта Прага но само една минута подоцна Клаесон израмнува на 2-2. После две минути Олатунџи зголемува на 3-2 за чешкиот шампион за да Клаесон донесе лудо реми 3-3 во 112' минута.

Следуваше пенал серија а таму повеќе среќа имаше данскиот првак Копенхаген кој победи со неверојатно храбар подвиг на 17-годишен фудбалер кој изведе паненка и оди во плејоф рунда. Сега во плејофот ги чека полскиот шампион Раков.

Погледнете ги најдобрите моменти:

Во плејофот ќе играат:

Антверпен - АЕК/Динамо Загреб
Ренџерс - ПСВ Ајндховен
Раков - Копенхаген
Молде - Галатасарај
Брага - Панатинаикос
Макаби Хаифа - Јанг Бојс

16 август 2023 - 09:47