Фудбалска Италија на нозе за убиената девојка, селекторот Спалети гневен

Италија бруји за убиството на 22-годишната Џулија Чекетин чие тело пред неколку дена било најдено крај шумски пат близу градот Порденоне. Гласно реагираше и фудбалска Италија која бара поостри мерки за заштита на жените од насилство.

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација која се пласираше на Европско првенство, Лучано Спалети гневен за убиството на младата Џулија веднаш после мечот со Украина за РАИ рекол:

„Веќе не смее да ги трпиме тие посрани кукавици маскирани под превезот на шармантни принцови. Должни сме да им помогнеме да на жените да се дистанцираат од секој кој ја загрозува нивната сигурност. Мажи кои убиваат жени се кукавици! Оние кои мислат дека проблемите во односот може да се решат со помош на насилство се несреќници без никаква иднина“.

Никаква иднина не го чека ни 22-годишниот монструм Филипо Турета, поранешно момче на убиената Џулија со кого се гледале половина година и се разделиле во летото 2023-та. Од тогаш повремено се гледале.

На 18-ти ноември Џулија Чекетин бил најдена мртва во еден ендек со дванаест убодни рани од нож по телото и главата. Соопштение за нејзино исчезнување се појавила дури една недела по исчезнувањето. Полицијата до тогаш вршела потрага.

На 11-ти ноември Џулија и Филипо се сретнале близу еден трговски центар. По зборови на сведоците, меѓу нив почнала расправија. Сигурносните камери снимиле како монструмот ја тепал девојката на паркингот а потоа ја внел во кола.

Тој е уапсен во Германија близу Лајпциг на 16-ти ноември а сега се решава неговата екстрадиција. Во Италија сигурно го чека доживотна затворска казна.

СЕРИЈА А РЕДОВНО ПОДДРЖУВА ЖЕНИ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВО

Италијанската Серија А неколку сезони по ред спроведува акции кои го привлекуваат вниманието над проблемот со насилство над жените. Во знак на поддршка едно коло од првенството сите играчи и тренери играат со офарбана црта со црвена боја преку лицето во знак на кревање глас против насилството.

 

Со Џулија за последен пат се поздравија и неколку навивачки групи кои кренаа пароли во нејзина чест и како сочувство за родителите.

Тифозите на Фоџа, Беневенто, Козенца и Падова имаа пароли во знак на сочувство:

„Доста за насилство над жените. РИП Џулија“

„Ако утре ми се случи на мене, сакам да бидам последна. Чао Џулија“.

„Џулија живее“

„Почивај во мир, Џулија“

23 ноември 2023 - 10:51