Бранителот на титулата кој две години по ред ја освојува Лигата на Европа не се дава ниту оваа сезона. По идентичните гостински победи од 1:2, Севиља го елиминираше Атлетик Билбао на пенали со 5:4 и им се придружи на Ливерпул, Виљареал и Шахтјор Доњецк во полуфиналето.