Фудбалерите на ФК Слободен готват за бездомници

Постојат многу малку, а веќе прават големи работи и се пример за многу поголеми екипи од нив. Во меѓувреме освоија и трофеј.

ФК Слободен кој се формираше лани преку маалски познанства, се впушти во хуманитарна акција која ја реализираше во соработка со „Ретвитни оброк“ и „Вистински дела на љубезност“.

Претседателот на клубот Анѓел Јанков, тренерот Филип Јаќимоски, помошниот тренер Кирил Зарински, фотографот и админот Ангел Костоски, фудбалерите Дарко Мајковски и Алексеј Алексовски како и поранешниот играч Кристијан Калинов зготвија оброци за оние кои не можат да си ги дозволат.

Ќе се делат бесплатно секоја недела на улица Македонија во Скопје, во спомен куќата на Мајка Тереза.

Што ти е клуб воден со љубов кој вчера се формираше, а денес држи лекции. Уште од старт изградија убав имиџ.

Инаку ФК Слободен ја комплетираше деби сезоната во четвртата македонска лига како 8. пласиран од вкупно 10 екипи со скор од 4 победи, едно реми и 12 порази.

На пријателскиот турнир во Р`жаничино, на празникот Духовден го освоија и првиот трофеј, а преку социјалните мрежи ги најавија и првите засилувања за следната сезона со кои ќе внесат искуство во тимот.

На позиција лев бек пристигна Оливер Бошковски (40) од ФК Шишево, во среден ред Адил Нури (33) од ФК Сарај, а на голманска позиција Кристијан Костов (28) од ФК Лепенец.

Уникатната приказна за ФК Слободен, нов клуб создаден преку познанства од скопските маала

На Слободен им поништија гол каков што нема да видите цела сезона

 

9 јуни 2023 - 12:41