Со головите на Осимен и Симеоне, Наполи ја совлада Сампдорија во последното коло со 2:0 и го запечати првото место убедливо со 90 бода и скор од 28 победи, 6 нерешени и 4 порази со гол разлика 77:28.
Неапол слави Скудето по трет пат во историјата, а Елиф Елмас стана вториот Македонец по Горан Пандев со ваков успех.
Македонскиот репрезентативец синоќа беше стартер по 13-ти пат сезонава и има 35 настапи на вкупно 38 кола. На сите натпреварувања има 46 настапи.
Сезоната ја завршува впечатливо со 6 гола и 3 асистенции, често пати на висина на задачата, секогаш со голема желба и жар на теренот за што добиваше пофалби од Спалети.
Го слави вториот трофеј откако ја игра четвртата сезона во Наполи после Купот на Италија во 2019/2020.
✒️ NAPOLI#NAPOLISCUDETTO pic.twitter.com/dBjmmnJlJL
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023
☝️🏆🇮🇹#NapuleTriculure #NapoliScudetto pic.twitter.com/NychW9CmQY
— Lega Serie A (@SerieA) June 4, 2023
Napoli have been crowned the Serie A Champions 💙pic.twitter.com/j1T1Ysjqyq
— Get Italian Football News (@_GIFN) June 4, 2023