
До крајот на Премиер лигата треба да се одиграат уште 8 кола, а Манчестер Јунајтед туку што го зазеде врвот.
Актуелниот шампион на Англија има 3 поени предност пред Манчестер Сити, и само еден лош натпревар може да ја стопи оваа предност, а на 30 април тие гостуваат токму на стадионот на градскиот ривал.
Но тоа не е проблем за навивачите на Манчестер Јунајтед. Тие веруваат дека нивниот клуб ќе ја одбрани титулата и веќе почнаа да купуваат маички со натписот "Champ20ns".
Компанијата која ги произведува маичките соопшти дека тие се сигурни дека Манчестер Јунајтед ќе ја освои јубилејната титула, но доколку тоа не се случи, тие нема да им ги вратат парите на навивачите.