Едно време го исфрлаа пијан од диско, сега е најдобар шпиц на свет

Навивачите на Манчестер Сити ги уживаат најдобрите години во својата клупска историја. Доволна причина да тераат мајтап со едно видео старо две години на кое Ерлинг Халанд, тогаш ѕвезда на Борусија Дортмунд го исфрлаат од диско во Норвешка зошто правел заврзлами под гас.

Тогашниот шеф на обезбедувањето, најверојатно да ја сочува репутацијата и угледот и на светската ѕвезда и на нивниот клуб, за германски Билд изјави дека во време на глобална пандемија многу луѓе се собирале околу Халанд за слики и автограми и дека биле принудени да реагираат на време со цел да спречат евентуално ширење на вирусот.

А навивачите на Сити сега, во еуфорија по одличните резултати на секој фронт, направиле микс од видеото на кое нивниот капитен Де Брујне еднаш гласно негодувал против судиите на меч со Наполи во 2017-та, со она на Халанд:

45 гола досега сезонава - Халанд ги надмина Нистелрој, Роналдо и Салах

13 април 2023 - 13:28