45 гола досега сезонава - Халанд ги надмина Нистелрој, Роналдо и Салах

Норвешкиот ѕвер игра неверојатна сезона. На 39 меча досега постигна дури 45 гола во сите натпреварувања во кои учествува неговиот Манчестер Сити.

Манчестер Сити го згроми Баерн Минхен со 3-0 во првиот меч од 1/4 финалето на Лига на шампиони. Ерлинг Холанд прво намести сјајна асистенција за голот на Бернардо Силва, а после на Јан Зомер му го даде третиот гол на мечот.

Халанд веќе има зад своето име 45 гола на 39 натпревари сезонава и ги надмина големите легенди кои играа или уште играат во Премиер лига.

Зад него на листата се Мохамед Салах - 44 гола на 52 средби во сезона 2017/2018, Руд ван Нистелрој - 44 гола на 53 средби во сезона 2002/2003, Кристијано Роналдо - 42 гола на 49 средби, сезона 2007/2008.

Треба да се има предвид дека Сити има уште 13 меча до крајот на сезоната.

ЗАНИМЛИВОСТИ:

12 гола Ерлинг Халанд постигна на последните 5 меча: 1 против Кристал Палас, 4 против РБ Лајпциг, хет-трик против Барнли, 2 против Саутемптон и 1 против Баерн Минхен.

Норвежанецот заби 11 погодоци на 7 меча во Лига на шампиони сезонава и е прв стрелец во елитата.

КАКВИ РЕКОРДИ ИМА ПРЕД НЕГО ЗА УРИВАЊЕ?

Ерлинг во моментов има 30 гола во Премиер лига, а во една сезона од англиската лига повеќе дале само Алан Ширер и Енди Кол - по 34!

Рекордот со голови за англиски клуб во една сезона од Лига на шампиони го држи Руд ван Нистелрој со 12 погодоци. Халанд има 11 во моментов а ги чека реванш од 1/4 финале на ЛШ со предност од 0:3.

Шпицот на норвешката репрезентација кој никогаш не играл на едно Светско ни Европско првенство би можел (иако тешко веројатно) да постави нов рекорд по број на голови во ЛШ во една сезона: 17 има Кристијано Роналдо а Халанд досега 11.

Рекордер по број на голови во нокаут фаза од Лига на шампиони би можел да стане Халанд кој има 6 гола а Роналдо и Бензема се лидери на оваа листа со по 10 погодоци.

Оние најоптимистичните би се кладеле дека Халанд може да го урне и рекордот на Меси по голови во една сезона (73) иако тоа е прилично нереално во моментов...

12 април 2023 - 13:21