60-та минута од средбата меѓу Атлетико Мадрид и Еибар донесе доста специфична ситуација на терен, бидејќи од игра излезе Коке, а влезе Антоан Гризман кој од херој со два гола во финалето на ЛЕ како да стана непосакуван кај публиката.
Целиот развој на настаните е опишан во едно видео по кое ќе ви стане јасно за што станува збор. Барселона упорно го бара Гризман за следна сезона и за трансферот се зборува дека е пред остварување.
Кога францускиот напаѓач влезе во игра, навивачите почнаа со свирежи, а во тој момент на сцена стапија неговите колеги за да го заштитат. Прв му даде поддршка Торес, потоа Габи кој го покажа број 7, а Симеоне настапи во свој стил.
Го испрати Годин да им шепне нешто на навивачите. Некои медиуми пишуваат дека Гризман се предомислил да остане и токму тоа е пораката која стоперот ја пренесува на трибина.
Како и да е, благодарение на Симеоне и Годин свирежите наеднаш се претворија во скандирање на неговото име.
„Нема ништо да ти замериме. Тука си ни вистински потребен“, му се обрати Торес на Гризман на сред натпревар, зборови кои го расплакаа.
Сега нејасно е дали ова беше последен меч за Гризман кој е на крстопат меѓу Атлетико и Барса.