Двајца италијански навивачи завршија зад решетки

Судот во Рим им одреди вкупна 10 годишна затворска казна на двајца навивачи на Рома кои беа дел од групна тепачка со фанови на Тотенхем.

Едниот навивач на возраст од 26 години кој претходно поради предизвикување насилство имал забрана за одење на стадион се соочи со пет ипол годишна казна затвор, а другиот ќе треба да одлежи четири и пол години.

Судот во Рим ги прогласи за виновни затоа што учествувале во нападот врз група фанови на Тотенхем кои беа избодени со ножеви во познат паб во Рим кој обично го посетуваат гостински навивачи.

Инцидентот се случи во ноември минатата година кога Тотенхем му гостуваше на Лацио во рамките на меч од Лигата на Европа. Во нападот беа повредени 12 англиски навивачи, а дел од нив завршија со повреди во болница.

Полицијата истражува уште 10 ултраси за кои се претпоставува дека биле дел од жестокиот напад во кој покрај гостинските фанови, настрада и барот каде беше направена штета од околу 18.000 вера.

29 октомври 2013 - 16:38