Израелскиот стопер Матан Балтакса од Хапоел Бер Шева на мечот против Црвена звезда во 3. квалификациско коло за пласман во Лига на шампиони направи два прекршоци во една акција и доби два жолти и црвен картон. На крај имаше среќа што Хапоел Бер Шева победи 1-0 на средбата која се играше на неутрален терен во Унгарија.
Хапоел Бер Шева победи 1-0 со голот на Захи Ахмед во 38' минута од натпреварот одигран во унгарскиот град Шомбатели. Реваншот е следниот вторник на стадионот „Рајко Митиќ“.