Првичните вести кои минатиот месец пристигнаа од Шпанија беа дека поранешните претседатели на Барселона Сандро Росел и Жозеп Бартомеу го поткупиле поранешниот потпретседател на шпанската судиска техничка комисија, Хозе Енрикез Негреира со над 7 милиони евра со цел да влијае кај судиите во носењето одлуки.
Но има и една друга теза, а тоа е дека не се работи за никаков коруптивен скандал со поткуп на судии, туку за погрешно водење на документи за легално реализирани проекти.
Тезата ја образложува македонскиот новинар Игор Филевски кој е одличен познавач на состојбите во Барселона, како и претседател на Здружението на поддржувачи на ФК Барселона, „Пениа Барселониста Сис Копес де Струмица”, официјално регистрирано во каталонскиот клуб во 2014-та.
Филе тврди дека не станува збор за корупција и дека не постојат никакви докази за тоа, туку дека приказната е напумпана од страна на медиуми и лобисти против Барселона.
„Во старт на медиумските приказни да кажам дека за ова не постојат никакви докази, напротив, излегуваат изјави од влијателни бивши и сегашни судии и службени лица во судиската органзација дека никој никогаш ниту имал такво влијание, ниту некој бил плаќан, а уште помалку пак дека некој можел да влијае на судиите, да прави местенки и притисоци какви се објавени во приказните на медиумите. (исклучок од ова е претседателот на Лигата, Тебас кој и отворено секогаш вели дека е навивач на Реал и тоа не го крие!?) Согласно тоа, без никакви докази, ниту може да се покрене сериозно обвинение, ниту пак ако се покрене (по „допрен глас') во истиот момент секој професионалец во судството ќе знае дека таков случај веднаш „паѓа“. Нема ниту еден доказ, ниту постои ни приближно шанса за да би се нашол доказ за тоа.
И сега сигурно си го поставувате прашањето, па од каде се сите оние објавени милиони евра што биле уплаќани на сметката на потпреседателот Негреиро и како тоа нема докази, а има објавено сметки?
Епа тука „лежи зајакот“, со кој медиумите и лобистите против ФК Барселона си играат и сакаат да ја лиферуваат приказната во што поголем опсег.
Постои исплата на компанијата на горенаведениот која е сосем легална и станува збор за подготовки на видеа, анализи и секвенци од натпревари, што служат при анализи и подготовка на натпревари.
(Тоа го прават сите сериозни екипи во светот и тоа не е ништо ново. Како што една екипа се подготвува за секој следен натпревар, така се подготвува во сите аспекти, за судијата, притисоци на стадион итн. Ако ја читате книгата на Пјерлуџи Колина, ќе видите дека истото го прават и сите сериозни судии професионалци со анализи пред натпревар за поедини фудбалери, колку и како глумат, какви притисоци прават и слично. И за тоа постојат цели тимови во клубовите на кои им е само тоа работа, како и агенции кои тоа им го пакуваат на клубовите во видео и дата формати.)“
Значи и ова е расчистено и нема ништо спорно ни во тоа.
Епа како е покренато обвинение за корупција?
Тука е главната алка.
Една група новинари кои одамна се намерачени на Барса, доаѓаат до некакви документи низ кои се гледа фактурирање на компанијата на Негреиро, која се бави и со консалтинг и обезбедува такви пакети. И потоа е направена споредба со дел од истите, каде се гледа дека се погрешно фактурирани во администрацијата на Барса, некои и фалсификувани. (А одговорните, на крај го потенцирам тоа, ќе треба да објаснат зошто и со која цел?). Во еден одреден период, неколку фактури не се совпаѓаат со фактурирањето во реалната ситуација, што би се рекло, едно е запишано во книгите, а друго е запишано во користење на услугата на компанијата.
Е тоа несовпаѓање е старт на целата „хајка против Барса“.
Целото објаснување на Филевски:
Чеферин за скандалот со поткуп на судии од Барселона: „Најсериозен случај досега“
Колку се сериозни обвинувањата за Барселона и дали може да биде исфрлена од лига?