- Првиот човек на УЕФА, претседателот Александар Чеферин во опширно интервју за словенечкиот портал Ekipa.si зборувал на разни теми, а меѓу другото го прашале и за скандалозниот случај „Негреира“ за кого и самата УЕФА и шпанското обвинителство отворија истрага.
- Две претходни управи на Барселона, од 2001 до 2018-та, со цел на дознака „консултации“, му уплатиле на поранешниот потпретседател на шпанската судиска техничка комисија Хозе Енрикез Негреира повеќе од 7 милиони евра.
- „Секако, не можам директно да го коментирам ова од две причини. Прво затоа што имаме независна дисциплинска комисија, а второ зошто не сум запознаен детално со материјата. Но можам нешто да кажам. Што се однесува до мене и како сум обавестен, ова е крајно сериозна ситуација, најсериозен случај откако сум во фудбалот“.
- Шпанското обвинителство отвори случај за ова, а отвори и комисија на УЕФА која би можела да го исфрли лидерот на шпанска Ла Лига од еврокуповите ако се докаже дека подмитувале судии. Негреира бил потпретседател на Техничкиот судиски комитет на шпанската лига од 1994 до 2018-та.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.