Тревожни вести за навивачите на Барселона. Каталонската прокарутура (обвинителство) покренала обвинение по три точки за клубот: корупција во спортски бизнис, несовесно управување и фалсификација на документи.
Барселона е обвинета дека под раководство на поранешната управа цели три години плаќала пари на сметка на фирмата на некогашниот потпретседател на Техничкиот судиски комитет при Шпанската фудбалска федерација кој делегирал судии за натпреварите, Енрикез Негреире. Се испоставило подоцна дека трансакции имало уште од 2001-ва година.
Според SER Catalunya, Негреира од Барселона добил најмалку 7,3 милиони евра од 2001-ва година, но судот се посветил на последните десетина години, а особено интересно за обвинителството била сума сумата од 3 милиони евра кои шефот на судиската комисија ги добил од 2014 до 2018.
ЗОШТО САМО ДЕСЕТ ГОДИНИ АКО ДЕЛОТО ДАТИРА ОД 2001-ВА?
Обвинението е подигнато против поранешните претседатели на Барселона Сандро Росел (од 2010 до 2014) и Жозеп Бартомеу (од 2014 до 2020), но и против самиот Негреире. За двајца менаџери од управата на Бартомеу - Оскар Грау и Алберт Солер се подигнати обвиненија за несовесно управување.
Судот сака да ги сослуша и сите шефови на Барселона од 2001 до 2018-та. Жоан Гаспар и Жоан Лапорта не се инволвирани со ништо, затоа што нивниот период на претседателство е вон сомнеж.
Истражниот суд во Барселона ќе ја обедини тужбата со веќе поднесена тужба, од актуелен ВАР судија Естрада Фернандез.
Колку целата работа е сериозна?
Обвинителството смета дека преку Сандро Росел и Бартомеу Барселона поддржала „строго доверлива усмена согласност“ со Негреира, согласно која тој за пари влијаел на судиски одлуки на натпреварите.
Дополнително е востановено дека Негреира добивал пари од управата на каталонскио тклуб преку две компании: Dasnil 95 и Nilsad со кои управуа син му Енрикез Ромеро. Но за синот нема никакви сомнежи и обвиненија зошто не е докажана негова вина.
Плаќањето со цел на дознака „технички видео консултации“ истрагата го смета за фиктивно. Иако обвинителите уште не успеале да ја дознаат правата цел на уплатата, случајот е забрзан поради тоа што рокот истекува и предметот може да застаре.
Самиот Негреира го искористил правото да сведочи на суд поради Алцхајмер.
ГЛАВНИТЕ АРГУМЕНТИ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО
- Досега не е востановена врска меѓу платените износи и пружени услуги. Поради некои причини ги нема договорите.
- Негреира од даночните обврзници ги криел целите на уплата, а потоа објаснувал дека клубот му платил за „нетурално“ судење и отсуство на грешки на натпреварите.
- Барселона прекинала да му плаќа на сметки на фирмите на Негреира веднаш откако бил отпуштен од судиска техничка комисија.
- Невработениот (непријавен) Негреира и пратил неколку пораки на Барселона во кои се заканува дека ќе ги открие деталите од соработката и ќе направи јавен скандал.
- Негреира редовно исплаќал готовина (кеш) со чекови преку трети лица на банкарски сметки, а неговата финансиска ситуација значително се подобрила - имал нови недвижнини и друг имот.
- Компанијата која се занимавала со рекламирање и продажба на подароци, од некоја причина редовно примала уплати од Барселона. Платените износи очигледно се поголеми од реалните цени за „технички консултации и извештаи“.
КАКО БАРСА САМА СЕ ОТКРИЛА?
Клубот во јули 2019-та се обидел да добие даночно одбивање за скоро 900.000 евра, од уплати на сметка на поранешен судија.
Даночната полиција во Каталонија ги прочешлала смеките и кога виделе дека се фиктивни, барале детали: договори и реални резултати од работите кои ги нарачувал клубот од фирмите. Барселона доставила ништо.
ДАЛИ БАРСЕЛОНА МОЖЕ ДА БИДЕ КАЗНЕТА И КАКО ЌЕ СЕ ДОКАЖЕ КОРУПЦИСКА ЗАВЕРА?
Многу е важно да се напомене дека членот 286 од шпанскиот кривичен законик се применува на дела за намерно менување на резултат од натпревари или кој било спортски настан.
Поради тоа ќе мора да се утврдат две многу важи работи:
Прво, што точно Негреира конкретно ветил и направил за хонорарите кои ги добивал. Синот на Негреира одработел неколку неделни извештаи и видео снимки за Барселона но тие биле по превисоки и огромни цени за овие услуги.
Тие извештаи датираат од моментот кога должноста претседател на Барселона ја презел Бартомеу, така што и Сандро Росел е очигледно загрижен околку матните игри.
Второ, за да се докаже корупциски скандал, нема доволно важни елементи. Присуството на „заговор“ не е доволно. Техничкиот судиски комитет чиј шеф бил Негреира не именувал судии за конкретни натпревари, туку само ги рангирал врз основа на нивниот учинок.
Поранешниот судија во шпанскиот фудбал, Серхи Алберт Хименез за Марка рекол дека Негреира му вршел притисок на него и на други судии и секогаш се фалел со „трговија на влијание“. Но тука има друга „цака“: Хименез со судење завршил уште во ’90-те години.
А гореспоменатата тужба од актуелниот ВАР судија Естрада Фернандез не содржи некои нови пресврти, туку нејзина цел е да ја заштити честа и достоинството на судиите по објавување на скандалозните материјали.
Инаку овој ВАР судија, Естрда Фернандез не е назначен да работи во Ла Лига откако ја поднел жалбата. Судиската комисија морала да објаснува дека тоа навистина била случајност. Фернандез работел во неделата вечер на мечот Кадиз - Хетафе.
КАКО Ѝ СЕ СУДЕЛО НА БАРСЕЛОНА ВО ЛА ЛИГА И ВО КРАЛСКИОТ КУП КОГА МУ ПЛАЌАЛА НА НЕГРЕИРА ОД 2016 ДО 2018?
Во овој период, во три сезони, Барселона во сезоната 2015/2016 добила 11 пенали а против нив бил досуден само 1. Во 2016/2017, против Барселона бил досуден само 1 пенал, а во нивна корист 12 пенали. Во сезоната 2017/2018, Барса добила 7 пенали во првенство и Куп, а против нив биле свирнати 2 казнени удари.
Што се однесува до црвени картони: во 2015/2016 ривалите на Барселона добиле 13 црвени картони а Каталонците 1 црвен во цела сезона. Во 2016/2017 Барса добила три црвени картони а нивните ривали на теренот кога играле против Барселона добиле 13 исклучувања.
Во 2017/2018 Барса добила 2 црвени картони, а нивните противници 4 исклучувања. Во овој период од три сезони, Барселона освоила 2 шампионски титули во Ла Лига и 3 Кралски Купа.
Барселона доминираше на теренот со тики-така играта и имаше огромен процент посед на топка, па оттука се појавува тезата дека кога се игра пред противнички гол речиси цел меч, нормално е противникот да има повеќе скривени пенали и добиени црвени картони.
Но интересно, за споредба, на Реал Мадрид само во Ла Лига во тој период му биле досудени 10 пенали против нив и фудбалерите на „кралскиот клуб“ добиле 10 исклучувања.
КАКВИ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ? ДАЛИ Е РЕАЛНА СУСПЕНЗИЈА И ИСФРЛАЊЕ ОД ЕВРОКУПОВИ И ЛА ЛИГА?
Ако се докажат обвиненијата, се зборува за крупни казни, суспензија и затворски пресуди до шест години.
Но сите ги интересира што ќе биде со самата Барселона. Кривичниот законик вели дека осудени правни лица можат да бидат казнети и подвргнати на други санкции - на пример, лишување на правата на државна помош, суспензија до пет години па дури и ликвидација (тоа е ретка крајност).
Барселона изјавила дека е спремна да соработува со истрагата и негирала каква било вмешаност со корупција: „Верзијата на обвинителството не е ништо друго освен апсолутно прелиминарна хипотеза. Барселона повторува дека никогаш не поткупувала судии ниту се обидувала да влијае на нивните одлуки“.
Но....
Ако на Барселона ништо не и се заканува во Шпанија, тогаш ќе мора да се дообјаснува во УЕФА.
Прописите на Лига на шампиони предвидуваат забрана за учество и суспензија на една сезона за клубот ако диркетно или/и индиректно учествувал во влијание за исход на натпревари на национално или меѓународно ниво. Во овој случај за УЕФА е доволна одлуката на националната арбитража или државен суд.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас прецизирал дека лигата нема да иницира никакво казнување, но дека ќе се потчини на одлуките на судот (а мала е веројатноста клубот да се исфрли од лига, барем не за сега).
Обвинението го поддржале скоро сите ривали на Барселона. Реал Мадрид би можел да се соедини на тужбата, клубот во недела имал заседување на совет на директори со цел да ја формулира својата позиција за овој случај.