Дрим тимот на Македонија со дискутабилен избор

Извесни Аце и Дарко решиле да си поиграат малку со македонската фудбалска репрезентација и се обиделе да го скројат најдобриот состав од осамостојувањето до денес. Имињава звучни, ама има еден проблем. Само Пандев го има од хероите кои ја однесоа Македонија на Европско.

Изборот за некого можеби е логичен, но според многуте коментари се гледа дека не е баш логичен, затоа што многумина прашуваат каде се Елмас, Барди, Адеми?

Но во објавата е фино напишано дека точен одговор за тоа кој е најдобар дрим тим на Македонија, не постои, туку целта е да се развие дискусија и да се чујат повеќе мислења.

Инаку евидентно е дека во првите 11, момците форсирале играчи од првата генерација од која го составиле средниот ред и не ставиле никој од јунаците кои испишаа историја. А баш сега имаме јака средина. Ги одбрале само Барди и Елмас, ама на клупа.

Во одбрана се решиле за познатото три кое едно време беше најсилна карика во составот, а резервите ги измешале од повеќе генерации, со тоа што од таму сигурно неколку може да влетаат во прв тим, пример европскиот првак Најдоски.

Како и да е невозмошно е да се направи вистинскиот избор за сечиј вкус, па поиграјте си и вие во тефтер.

Виа

25 ноември 2020 - 13:54