За прв пат од 2006. година кога во Германија се играше Мундијалот, стадионот на Борусија Дортмунд Сигнал Идуна Парк пак ќе може да собере повеќе од 81.000 гледачи.
Поради поголема безбедност за време на натпреварите од СП, капацитетот на некогашниот Вестфален во 2006. беше намален од 83.000 на 80.667 столици. Рурскиот клуб преку својот веб сајт соопшти дека капацитетот сега се зголемува на 81.359 места.
Најголемото проширување се должи на реконструкцијата на блок 63 од Северната трибина, којшто е одделен за помладите фанови на Борусија Дортмунд. Местата од седечки сега се предвидени за стоење и тоа ќе им дозволи на повеќе деца да присуствуваат на мечевите на Дортмунд. Борусија минатата сезона имаше најголема посетеност во Европа. И покрај бледата година со Јирген Клоп, Милионерите во просек ги гледаа по 80.424 навивачи на домашен терен.
На тој начин, навивачите на Борусија ги надминаа оние од Камп Ноу (77.632 во просек), Манчестер Јунајтед (75.335), Реал Мадрид (73.081) и Баерн Минхен (72.882).
Летово Дортмунд пушти во продажба 55.000 сезонски влезници, а продажбата на новиот дрес одеше како алва.