По цели 7 години од последната титула во Бундеслигата (2011/12), Борусија Дортмунд е на добар пат да се радува на „салатарата“ и да стане шампион на Германија. По 20 одиграни кола, „милионерите“ имаат 15 победи, 4 нерешени и 1 пораз и со 49 се први на табелата. Меѓу најзаслужните за одличната сезона на Дортмунд е швајцарскиот голман Роман Бурки.