Динамо поведе со еврогол на млад талент, Максимир беше во транс па оладен

Динамо Загреб и АЕК вечерва го играат првиот меч од 3. квалификациско коло за ЛШ. По нередите во Атина каде натпреварот се одложи, вечерва хрватскиот шампион пред полни трибини на „Максимир“ на полувреме води со прекрасниот гол од слободен удар на 21-годишниот Марко Булат. Стефан Ристовски командува во одбраната на „модрите“ како централен дефанзивец.

Првиот дел заврши 1:0, а веќе на стартот на вториот дел, во 59' минута АЕК Атина израмни на 1:1 со убав гол на ветеранот Стивен Зубер:

По израмнувањето, грчкиот првак стекна целосна контрола врз поседот на топка и имаше повеќе од играта. Тоа го крунисаа со победнички гол во 90' минута на нововлезениот Константинос Галанопулос:

15 август 2023 - 20:55