Детето кое влезе во фудбалскиот крем

Луис Кернс, 11 годишно момче кое навива за Ливерпул без срам и перде си се приклучи на големото славје на Челси на финалниот меч од Лигата на Европа кој се одигра пред два дена на стадионот во Амстердам.

Малиот Луис го следел натпреварот со својот татко но кога фудбалерите на Челси се подготвуваа за свечениот чин кога се делат медалите и пехарот, успеа да се втурне помеѓу ѕвездите, момент кој го уловија и фоторепортерите.

Како навивач на Ливерпул, неговата најголема желба била да се сретне со Рафа Бенитез и Фернандо Торес, но моментот го искористи да се слика и со многу ѕвезди како Тери, Хидинг, Шевченко, Колина и Клајверт, а највпечатливиот момент е сигурно неговото поздравување со Мишел Платини, каде вообичаено чекорат и се ракуваат сите учесници од финалето.

Снаодливиот момент е инаку фудбалер кој настапува во младинските девизии, а финалето во Амстердам е сигурно неговиот најзначаен момент со кој ќе се фали кај другарите.

17 мај 2013 - 12:56