
Петнаесет годишниот Ноел Урбаниак бил со децата кои фаќале топки за време на мечот Германија - Италија. Токму по негова спретна и брза реакција во 36' минута кога му ја фрлил топката на капитенот Јошуа Кимих да изведе корнер додека Италијанците се расправаат со судијата, Џамал Мусиала постигна гол на празен гол за 2-0.
Smart goal by Germany to double their lead against Italy.
— FootballScores01 (@FScores01) March 23, 2025
Musiala wasn’t joking around pic.twitter.com/PxyuLgp8Gb
Според правилата, судијата не мора да даде знак за корнер да се изведе туку изведувачот може да изведе кога сака. Противничката одбрана мора да биде спремна и наместена да реагира, но овој пат италијанските фудбалери беа во расправија со главниот судија и заборавија на својот гол. Голманот Џанлуиџи Донарума го напушти својот гол и Мусиала лесно само ја пикна топката во мрежата за 2-0.
После натпреварот германските фудбалери му подариле топка со потписи од сите репрезентативци на младиот Ноел а тој добил и други подароци од германската фудбалска федерација.
Германија обезбеди пласман на Фајнл Фор од Лига на Нации кој ќе се игра токму кај нив по ждрепката на УЕФА за домаќинства. Германците ќе се сретнат со Португалија на 4-ти јуни а Шпанија ќе игра со Франција во полуфиналните дуели на 5-ти јуни. Големото финале на Лига на нации е закажано за 8-ми јуни за кога е предвиден и мечот за трето место.
Ноел добил еден куп нови следбеници на ТикТок.
„Лудо е ова што се случува. Цела Германија ме знае сега!“, рекол 15-годишниот Ноел Урбаниак ден после мегданот Германија - Италија и додал: „Мојот ТикТик канал експлодираше, бројот на нови следбеници бескрајно ми порасна!“, открил младиот фудбалер за германски РТЛ.
Кога се вратил дома после натпреварот: „Прво едно 3 или 4 часа поминав на телефон со моите другари. Често добивав и пораки од типот: 'Ноел, ти работиш таму'? Морав да се смеам до крај“.
Ноел добил и дрес од репрезентацијата на Германија а ќе добие и карти за натпреварот од Лига на шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Барселона, на истиот стадион каде помогна Германија да и даде гол на Италија.