Неверојатниот гол на Германците против Италија

Синоќа на 4 натпревари во четвртфинале за Лига на Нации паднаа дури 21 гол! Не се знаеше каде има повеќе голови, дали во Валенсија, дали во Дортмунд, дали во Лисабон. Германците и Италијанците одиграа 3:3 па Германија оди на Фајнал Фор поради триумфот 1:2 на гости. Германија водеше дури и со 3:0 но аѕурите во вториот дел дадоа 3 гола и израмнија. Погодокот што го даде Мусиала во 37-ма минута е интересен од многу аспекти.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Ниту режијата не можеше да го фати голот во изведба на дуото на Баерн Минхен, Кимих - Мусиала. Од корнер, брзински додека Италијанците се расправаа со судијата. Кимих изведе (за корнер да се изведе не е потребна судиска свирка, а нема ни офсајд), Мусиала лесно реализираше за 2-0.

24 март 2025 - 08:13