Давам 3.000 евра син ми да стои до Ибрахимовиќ

Во канцелариите на рускиот клуб Ростов се јавил непознат човек којшто побарал син му да биде меѓу децата коишто ќе излезат на терен на почетокот на мечот од Лига Европа Ростов - Манчестер Јунајтед.

„Вчера се јави непознат човек и ни предложи 170.000 рубли (2.700 евра), за син му да го држи за рака Ибрахимовиќ. На што се спремни луѓето“, напиша прес-аташето на Ростов Иван Бодилевски на својот Твитер профил.

Човекот можеби го видел моментот од мечот на украинската Зорја со Манчестер Јунајтед во групната фаза на Лига Европа кога Златан му го даде дресот на едно дете кое упадна на теренот.