Македонскиот репрезентативец беше клучна фигура за Јагелонија во важниот триумф над Легија Варшава на гости. Чурлинов го постигна единствениот погодок на средбата во 41 минута за победа од 0:1 и сега неговиот тим е на -4 од лидерот Легија на 6 кола до крајот на сезоната.