Да помине Хозе Мари од Милан на улица, нема шанси да го препознаете

Не беше некоја светска класа на напаѓач, ама беше познат и тој што следи италијанско 20 години, сигурно ќе се сети кој е. Ама мора да го види во дрес на Милан, инаку ништо.

Хозе Мари стапна во Серија А на стартот од овој милениум, ама буквално, бидејќи трансферот кој го направи од Атлетико Мадрид во Милан вреден 19 милиони евра, се случи во јануари 2000-та.

Играше заедно со Малдини, Костакурта, Шевченко, Гатузо и таа стара славна банда. Сега да го видите, не личи на себе. Односно не личи на фудбалерот што го знаевме, туку е тотално далтисан по бодибилдинг. Пука од мускули.

Со исклучок на Интертото Купот со Виљареал, Шпанецот нема друго ништо освоено и не направи некоја голема кариера. За репрезентација има 4 настапи и 1 гол, а во Милан му го паметат хет-трикот против Атлетик Билбао.

Во Ла Лига собра 270 настапи на кои постигна 49 гола во текот на 11 сезони, главо во дресот на Атлетико Мадрид за кој потпиша на 18 години од Севиља, а откако се врати од Италија покрај настапите во Виљареал, играше уште и за Бетис, Гимнастик и Ксерез.

По пензионирањето во 2013-та, Хозе Мари очигледно не ги спуштил теговите на земја.

 

29 април 2022 - 15:36