Барселона целосно неочекувано губеше дома од 0:2 од Селта и беше многу блиску до кикс и прв пораз сезонава.
Но потоа се случи пресврт за историја во само 8 минути од 81-ва до 89-та минута.
Левандовски даде два брзи гола, од кои првиот после прекрасна асистенција на Жоао Феликс.
Потоа Кансело, кој инаку му го асистираше вториот гол на Пољакот го направи целосниот пресврт за конечни 3:2.
Во шпанскиот шампионат 15 години не е забележано некој да победи во ситуација кога губи 0:2 после 80 минути игра.
На Барса ова и успева за прв пат во својата клупска историја.
Вл 1996-та година ја победија Селта исто така 3:2 после негатива од 0:2, но тогаш пресвртот им почна 10 минути порано.