Минатиот викенд екипата на Бетис на мечот против Леганес имала посед на топка 82,51% што е нов рекорд во лига во која има екипи на топка им се зема „со полиција“.
Сосема не е случајно што овој рекорд го постави баш Бетис, екипа која игра смел фудбал и која минатата сезона беше трета во Ла Лига по просек на посед на топка.
Во моментов Бетис е втор во Шпанија по владеење со топката и е втор по овој параметар пред еден Реал Мадрид. Ваквиот начин за игра носи и резултат што не е баш чест случај со скромните клубови кои играат убав фудбал за око.
Лани тимот од Андалузија заврши 6. место во лигата а во моментов е на 5. место. За се е „виновен“ тренерот Кике Сетиен кој пред неколку сезони дури и со еден Лас Палмас беше втор во првенството според посед на топка.
Најдобри показатели за посед на топка во историјата на Ла Лига:
2018/2019: Бетис - Леганес 1:0, посед 82,51%
2010/2011: Барселона - Леванте 2:1, 82,22%
2012/2013: Барселона - Леванте 1:0, 81,47%
2011/2012: Барселона - Расинг 3:0, 79,25%
2017/2018: Барселона - Алавес 2:1, 78,83%
На почетокот на септември, Кике Сетиен напишал колумна за сајтот The Coaches' Voice, каде објаснил зошто неговите екипи играат така:
„Во Севиља има посебна страст. Како човек од северот на Шпанија некогаш ми е потешко да ги разберам. Верувам дека победите треба да дојдат како резултат на процес во кој се е сработено правилно.
Овде нештата се многу ирационални.
„Ти мора да победиш затоа што си Бетис“.
Секако, има навивачи во многу клубови кои не разбираат зошто правиш некои работи и зошто мора да ги правиш. Ги интересира само победа или пораз.
За мене тоа е најтешка работа во оваа професија.
Повеќето од навивачите на Бетис ја прифатија мојата идеја на игра. Но не беше лесно.
Во првата полусезона лани, губевме неколку натпревари, можеби затоа што беше потешко за играчите да ги разберат концептите на мојата игра. Но имаше добри поуки да се извлечат од тие порази и секогаш има простор за напредок.
Со крајот на сезоната кога завршивме шести во Ла Лига, нашиот пристап беше поприфатен.
Навивачите ги видоа резултатите на играта со посед од позади. Овој начин ти овозможува контрола врз натпреварот. Да играш на потивничкото поле по цена да ја враќаш топката многу пати наназад пред да стигнеш до таму. Да најдеш слободен човек кој може да пружи бројчана предност напред.
На долги патеки ова се позитивни нешта.
Многу луѓе уште веруваат дека ако топката е кај голманот додека губиш дека тој мора да ја рогне напред што е можно поскоро.
Но тоа не е најбрз начин.
Сè зависи од прилагодување.
Во животот секогаш морав да го направам тоа. Менував тренери, соиграчи, градови... во фудбалот, ако сакаш да преживее нема друг начин освен да се прилагодиш што и да ти се случи.
Така стојат работите.
Како тренер, секоја година мора да ги импресионираш новите играчи кои доаѓаат. Или ако одиш во нов клуб треба да почнуваш се од почеток. Потпишуваш договор и мора да објасниш кој си, што си... иако знаеш дека сите сакаат само резултат ништо друго.
Исто треба и да се прилагодуваш на осетливи времиња и на извесни нијанси. Овде во Севиља тоа е страста. Ако не си на исто ниво нема да опстанеш.
За време на мојата играчка кариера имав 14 тренери. Вистина е дека со некои учиш што не треба да правиш како тренер, но јас секогаш имав огромна почит за позицијата тренер. Таа е суштинска за еден клуб. Меѓу оние за кои играв, Луис Арагонес ми остави најголем впечаток. Тој направи да гледам поинаку на работите.
Ме „зарази“ со агресијата која повеќе ја немав после осум години во Сантандер каде бев во комфорна зона. За многу тренери за кои играв доволно беше да дадеш пар голови и пар додавања.
Но кога одиш во Атлетико Мадрид сфаќаш дека таму не е така. Мора да направиш повеќе. За да бидеш на елитно ниво, мора да работиш понапорно. Како тренер јас секогаш се обидував да најдам заедничка точка меѓу начинот на размислување на играчот и моето.
Не можеш да победуваш сам за себе. Мора да победуваш заеднички. Да изградиш баланс, кохезија, заедништво меѓу сите. Тоа покажува дали имаш тим или само 11 играчи на терен кои прават што им падне на памет.
И затоа е најважно за еден тренер и неговите играчи да бидат на иста линија на размислување и за играчите да играат таму каде што стварно можат да дадат најмногу.
Мислам дека е познато дека повеќе пружаш кога си задоволен и среќен. Ако доаѓањето на тренинг му е мачно, тој фудбалер нема да се искаже од внатре.
И секој играч е сигурно најсреќен кога ќе му дадеш топка. На крајот од денот многумина станале професионални фудбалери затоа што не останале без топка уште од деца. Дома, на улица, на игралиште. Дури и најмалку надарениот играч со топка сака да ја има во нозете. Не да ја земе од противникот или да се брани, туку да игра со неа.
Но тоа чувство кое фудбалер го има во себе - таа радост на играње, може да се изгуби со текот на времето.
Понекогаш, да се биде професионалец може да значи крај на тоа да правиш што навистина сакаш.
Во мојата играчка кариера имаше периоди во кои гледав што тренерите им зборуваат на играчите: „Мора да го направиш ова. Кога си овде, твојот соиграч доаѓа ваму и ти одиш таму. А кога топката е на некое место, ти пак одиш близу неа.“
Се сеќавам кога дојде Барселона на Јохан Кројф. Играш против нив и цел меч трчаш по топката. Тогаш си реков себеси: „Ова е тоа што го сакам. Сакам да бидам во ваков тим и да знам што се случува.“
Како да направиш твојата екипа постојано да ја има топката а противникот да трча по неа цел натпревар?
Од тогаш па наваму, ми се јави смисла за тоа што го правам низ животот, низ кариерата.
Почнав да гледам фудбал. Да го анализирам. Да разберам што чувствувам и што да правам кога ќе станам човек.
Ја сакав топката.